nafta 1Цените на нафтата падна под нивото од 45 $, бидејќи кај инвеститорите преовладува оценката дека намаленото канадско производство на подолг рок нема да го ублажи проблемот на вишок во понудата.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 61 центи на 44,76 $. На американскиот пазар суровата нафта се тргува за 41 центи пониска цена, од 44,25 $.

Почетокот на тргувањето оваа недела е одбележано со намалениот производствен капацитет во Канада за повеќе од еден милион барели дневно, поради катастрофалниот пожар во провинцијата Алберта.

Пожарот започна на 1-ви мај, а се уште не е изгаснат и три водечки нафтени компании предупредија дека нема да бидат во можност да исполнат одредени договорни обврски за испорака на канадска нафта.

Меѓутоа кај инвеститорите сепак преовладува верувањето дека прекинот на производството ќе биде со краток век.

“Сметаме дека поддршката за цените ќе биде со краток век. Пазарот се уште е преплавен со нафта од зголемувањето на производството на Блискиот Исток, кое повеќе од потребното го надополнува намалувањето на производството на нафта од шкрилци во САД и во различни временски периоди ограничените нарушувања (во снабдувањето) “, објаснува Norbert Ruecker од Julius Baer.