nafta 2Цените на нафтата во вторникот паднаа на меѓународните пазари поради притисок од очекувањата за континуирано зголемување на залихите во САД со што фокусот повторно е насочен кон вишокот на понуда.

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 96 центи во однос на претходното затворање на 39,31 $. На американскиот пазар нафтата се тргува за 78 центи пониска цена, од 38,60 $.

Веќе неколку недели Саудиска Арабија, Венецуела, Катар разговараат за можноста за замрзнување на производство на нивото од јануари поради поддршка на цените. Договорено е претставници на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и големите производители надвор од картелот да се состанат на 17 април во Доха.

Во меѓувреме фокусот повторно е насочен на прекумерната понуда, а аналитичарите се во очекување на новите насоки од најновите неделни податоци за залихите во САД. Каде се очекува нивен натамошен раст на ново рекордно високо ниво.

Во таква средина, цените на нафтата треба да се движат во ограничен опсег. “Процесот на урамнотежување веќе започна, но вишокот во понудата се уште е присутен, а залихите – како што гледаме – и понатаму растат”, анализира Bjarne Schieldrop од SEB за состојбата на пазарот.