oil-Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари се стабилизираа под 48 $ во очекување на овонеделниот состанокот на клучните производители на кој би требало да се постигне договор за намалување на производството.

На лондонскиот пазар цената на нафтата после пладне се зголеми за 38 центи на 47,62 $. На америкаскиот пазар нафтата се тргува за 30 центи повисока цена.

На крајот на минатата недела, пазарите на нафта се поколебаа за договорот помеѓу водечките производители за намалување на производството откако еден од водечките членови на Организацијата на земјите извознички (ОПЕК), Саудиска Арабија, според неименувани извори во петокот најави дека нема да присуствува на средбата со земјите надвор од картелот каде треба да се разговара за ограничување на производството, па поради тоа состанокот се откажа.

Сомнежи во поглед за договорот во неделата поттикна и саудискиот министер за енергетика Khalid al-Falih, кој во својата изјава наведува дека пазарот на нафта по неговите проценки ќе се балансира во 2017 година, дури и ако производителите не го намалат производството. Затоа може да се аргументира и во корист на одржување на производството на сегашното ниво, додаде тој.

Неговата изјава го зголеми јазот меѓу ОПЕК и други производители на нафта, како што се Русија, за тоа кој треба да го намали производството и колку.

Во таква средина, набљудувачите на пазарите проценуваат дека цените на нафтата воглавно ќе реагираа на изјавите на официјалните лица се до среда кога во Виена е закажан состанок на ОПЕК, кога пазарот ќе добие дефинитивен одговор на операционализацијата за договореното намалување на производството.