Ова ќе се случи со стекнување на мнозински удел во локалната единица на Јапонската агенција за кредитен рејтинг

Турција планира да создаде своја национална агенција за рејтинг откако со години ги критикуваше странските компании за рејтинг, пренесува Блумберг.

Групата, која вклучува турски банки, здруженија на берзи во земјата и здруженија од финансиската индустрија, ќе формираат заедничко вложување со стекнување на мнозински удел во локалната единица на Јапонската агенција за кредитен рејтинг (ЈЦР), велат изворите.

Групата е во преговори да се здобијат со повеќе од 80% од JCR Евроазискиот рејтинг од акционерите, вклучувајќи ги Орхан Окмен и Рафи Карагол, за околу 13 милиони американски долари, открија извори кои посакуваа да останат анонимни заради чувствителноста на темата. JCR се очекува да задржи дел.

Портпаролката на јапонската агенција за кредитен рејтинг одби коментар, исто како и турското Министерство за финансии и истанбулската берза.

Турските политичари долго време се жалат на нивниот неправеден третман од страна на  Инвестициските служби  на „Мудис“, „Фич рејтингс“ и „С & П Глобал Рајтинг“, што го намалија кредитниот рејтинг на Турција. Претседателот Реџеп Таип Ердоган ги обвини за политичка пристрасност и ги идентификуваше како циркуски жонглери.

„Никогаш не верувајте на жонглери“, рече Ердоган пред една година, цитиран од Агенцијата Анадолу.

Во април, министерот за финансии Берат Албајрак рече дека ќе се формира национална агенција за рангирање оваа година. Во јули Мехмет Али Акбен, шеф на банкарскиот регулатор во земјата, објави дека веќе е извршена потребната регулаторна измена.

„Ако нема судир на интереси и не се наруши независноста, банките, приватните институции и многу странски институции ќеможат да бидат партнери“, рече Акбен, цитиран од Агенцијата Анадолу на 7 јуни.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк