Турската државна банка Ziraat Bankasi го достигна бројот на 101 филијала низ светот во 18 земји, објави банката во средата.

„Подружница на Зират во Казахстан, Зират Интернешнл, отвори шеста филијала во таа земја и друга во југоисточниот град Алмати“, се вели во изјавата на Зират.

Зират, меѓу другото, има филијали во Германија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Русија, Грузија, Азербејџан, Узбекистан и Туркменистан.

Банката придонесува за добрите економски односи на Турција и другите земји во кои е активна, рече Зират.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк