Администраторите и вработените во компанијата беа приведени денес под обвинение за измама, соопштија обвинителите

Турските власти приведоа четири лица во врска со колапсот на берзата за крипто-валути „Вебиткоин“, соопшти обвинителството на земјата.

Апсењата се случија откако претходно беше објавено дека платформата е затворена заради финансиски потешкотии – само неколку дена по распадот на друга берза на криптовалути, чиј извршен директор избега во странство.

„Четворица администратори и вработени во компанијата беа приведени во саботата под обвинение за измама“, рече Надир Јагчи, обвинител во југозападниот град Мугла, цитиран од Ројтерс.

Вебиткоин е четврта по големина берза во Турција, која тргува со околу 60 милиони долари на ден со средства, според податоците на CoinGecko.com, цитирани од Блумберг. Повеќе од половина од тој волумен доаѓа од биткоините, кои паднаа за 19 проценти оваа недела.

„Поради неодамнешните случувања во крипто-индустријата, во нашите операции има многу поголем интензитет отколку што очекувавме. Со жалење сакаме да кажеме дека оваа ситуација не доведе до многу тежок процес “, соопштија од Вебиткоин.

Како што стана јасно порано, Канцеларијата за истрага на финансиски криминал во земјата ги заплени сметките на компанијата и започна истрагата.

На почетокот на минатата недела, централната банка на земјата забрани употреба на крипто-валути за плаќања, велејќи дека може да се направат непоправливи загуби во трансакциите.