Наместо 60 субвенциите од новата реколта  да бидат 90 денари за предаден  килограм тутун.

 

Да се забрани негов увоз во земјава,да не се намалува годишното производство од 23 на 20 илјада тони.

И откупувачите веднаш да ги отворат откупните пунктови за да се превземат заостана близу два милиони килограми тутун.Побараа членовите на четири тутунски здруженија на денешната двочасовна блокада на патот Прилеп-Градско пред превојот Плетвар.

И ако немаат подршка од Сојузот на земјоделците сепак координаторот на овие здруженија е на став дека и тие се легитимни преставници со кои надлежните во иднина треба да преговараат со цел да не се повотрат пропустите од годинава.

На блокадата со тутунарите и прилепскиот претеник Ристески. Единствено решение за проблемите на тутунарите е нов закон за тутун.

Во минатот годишната реколта откупувачите превзедоа 21 милиони тони по просечна откупна цена од 165 денари. Блокадите ќе продолжат и утре.