Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во своето гостување во Утрински брифинг изјави дека УЈП има дефицит од кадри и ќе ги распореди 100-те „рамковни“ административци.

-Во моментов подготвуваме решенија за распоредување во различни одделенија и во различни сектори бидејќи ние имаме недостаток на кадар во управата. Имаме колеги кои се пензионираат, дел кој ја напуштаа управата. Порано имало поголем број на инспектори, сега имаме намлена бројка така што ќе дадеме шанса на овие нови наши колеги да допринесат во приказната за работата на УЈП, вели Лукаревска.