Од Управата за јавни приходи за Телма информираат дека системот за плати нема застој и истиот функционира непречно.

СО ЦЕЛ ДА СЕ ИЗБЕГНАТ ГУЖВИТЕ И ДА СЕ ОВОЗМОЖИ ДА СЕ ОБРАБОТАТ И ИСПЛАТАТ ДЕКЕМВРИСКИТЕ ПЛАТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ОД МЕСЕЦОВ, ВЧЕРА И ДЕНЕСКА ВРАБОТЕНИТЕ ВО РД СКОПЈЕ РАБОТАТ  ДО 19 ЧАСОТ И ГИ ПРИМААТ ПРЕСМЕТКИ ЗА МПИН СО ШТО СЕ ОВОЗМОЖУВА СИТЕ  РАБОТОДАВАЧИ КОИ ИМААТ ПОДГОТВЕНИ ПРЕСМЕТКИ ИСТИТЕ ДА ГИ ДОСТАВАТ И ИСПЛАТАТ ПЛАТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ВЕЛАТ ОД УЈП.

Оттаму додаваат дека од вкупно 64.900 очекувани, МПИН пресметки до сега прифатени се 39.090 пресметки, а според статистиката, од почетокот на оваа работна  недела, системот на дневна основа обработувал во просек од над 5.500 пресметки за МПИН.

ПОСТОЈАТ ПЕРИОДИ КАДЕ ПОРАДИ ПОДНЕСУВАЊЕ НА ИСТИ ОБРАЗЦИ И ПО НЕКОЛКУ ПАТИ, СЕ СОЗДАВА МАЛ ЗАСТОЈ ВО ОБРАБОТКАТА НА МПИН ПРЕСМЕТКИТЕ, НО СИСТЕМОТ НЕПРЕЧЕНО ФУНКЦИОНИРА, ИСТИОТ НЕ Е ВО ЗАСТОЈ И ГИ ОБРАБОТУВА ПРЕСМЕТКИТЕ КАКО ШТО СЕ ИСПРАТЕНИ НА Е- ПОШТА[email protected], ДОДАВААТ ОД УЈП.