Утрово биле запечатени голем број КАМ маркети со жолти ленти и пломби од страна на Управата за јавни приходи (УЈП), информира телевизија „Телма“. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска уште вчера изјави дека повеќе од 300 инспектори од УЈП направиле инспекциски надзор во 84 објекти во КАм маркетите поради неправилности.

„Во моментов повеќе од 300 колеги од УЈП се во сите подружници на КАМ маркетите, поради утврдени неправилности“, кажа Лукаревска вчера во гостувањето во „Топ Тема“.