Цените на угостителските услуги во мај годинава, во споредба со април, се зголемени за 1,2 отсто. Во однос на мај лани, пак, растот на цените е 13,4 отсто. Кумулативно, во периодот јануари − мај 2023, во споредба со истиот период од минатата година, цените на угостителските услуги се покачени за 13,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, во мај во однос на април зголемување е забележано во групите Храна за 0,7 отсто, Алкохолни пијалаци за 0,1 отсто, Безалкохолни пијалаци за 0,9 отсто и Ноќевања за 3,7 отсто.