Романија ќе остане најголемата алтернативна извозна рута на Украина за житарки и други стоки, покрај сопствениот коридор на Црното Море на Киев, изјави  високиот претставник на американскиот Стејт департмент, Џејмс O’Брајан.

Украина е еден од најголемите светски извозници на жито. Таа почна да го користи романското црноморско пристаниште Констанца по целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, која ги запре испораките од нејзините пристаништа на Црното Море. Извезе 14 милиони метрички тони жито преку Констанца во 2023 година, приближно 40% од целокупната испорака на жито на пристаништето за годината.

Украина, исто така, создаде бродски коридор од сопствените пристаништа во август, кој се протега од западниот брег на Црното Море во близина на Романија и Бугарија, набргу откако Русија се повлече од договорот за извоз на жито од Црното Море со посредство на ОН и се закани дека ќе ги третира сите бродови како потенцијални воени цели.

На брифингот О’Брајан, рече дека Украина извезла околу 7,5 милиони тони жито во декември, главно преку својот коридор, но и преку Констанца.

„За да се обнови Украина треба да извезува. Мислам дека само ако го задржи нивото на извоз што го има сега, околу седум милиони тони жито и уште милион тони други производи месечно, тоа би значело повеќе од 25 милијарди долари годишно БДП за украинската економија. Тоа се пет до шест милијарди долари даночен приход“, процени тој. За споредба, тој соопшти дека вкупната помошт на САД за земјата досега изнесувала вкупно 75 милијарди долари, додека таа на ЕУ околу 85 милијарди евра, што покажува дека Екраина не е во ситуација да пропадне без надворешната помош и дека мора да моли за неа.

Американскиот функционер во тој контекст кажа исто така дека САД се „разочарани“ од политиката на унгарскиот премиер Виктор Орбан за Украина и со нетрпение очекуваат Будимпешта да го исполни своето ветување дека нема да биде последна што ќе го ратификува приемот на Шведска во НАТО.

„Мислам дека сме разочарани што … премиерот Орбан избра да застане сам во Европската унија во преиспитување на борбата за поддршка на Украинците“, рече  О’Брајан. Тој притоа рече дека е парадокс што Орбан сега ги блокира напорите на Украина да си обезбеди слобода и право на сопствен политички избор, нешто за што самиот протестирал додека бил млад во Унгарија.