Корисниците на Уника патничкото осигурување во случај на ненадејна болест или незгода во странство на располагање имаат Viber број преку кој ќе можат независно каде се наоѓаат доколку имаат интернет да се јават на центарот за помош.

Активирајќи ја оваа услуга Уника стана прва и единствена осигурителна компанија која им овозможува на своите клиенти ваков начин на пријавување проблем од странство.

“Осигурениците во текот на летната сезона околу 3.500 пати се јавуваат до центарот за помош а во текот на година бројот доаѓа и до 6.000 пати. Најголем број на повици доаѓаат од Грчка, потоа од Црна Гора, Германија, Египет, земји во кои повиците кон Србија можат да чинат и неколку стотини денари. Колку подалечна дестинација толку цената на повикот е поскапа. Токму од таа причина, мислиме дека воведувањето на Viber ќе ги намали трошоците за повиците. Ние сакаме да се грижиме за нашите клиенти, да патуваат безбедно, не размислувајќи за трошоците при евентуална штета.” Изјави Гордана Букумириќ, претседател на извршниот одбор на Уника осигурување.

 

Освен инсталирање на Viber апликацијата на мобилниот, таблетот, лаптопот или компјутерот потребно е да имате и пристап до интернет за да стапите во контакт со Центарот за помош. Бројот на Viber е достапен од кој било дел на планетата.

“Доколку дојде до ненадејна настинка или незгода корисниците можат да се јават во Центарот за помош преку Viber, но и на фиксниот телефон кој им е достапен постојано. Нашите оператори се достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата и целиот разговор е на српски јазик. Осигурениците после јавувањето се упатуваат до најблиската здравствена установа, а Уника одма стапува во контакт со установата и ги подмирува сите трошоци за осигуреникот да нема никакви трошоци” додаде Букумириќ.

Доколку некоја осигуритлена компанија од Македонија го имплементира ова ќе стекне огромна предност пред останатите компании. Се надеваме дека ќе го имплементираат што повеќе компании бидејќи е добар начин за комуникација од странство.

Извор: https://bitsofinsurance.com/