Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на настан за потпишување на Меморандум за соработка со третата група на 24 нови партнер-општини…
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите денеска ќе биде домаќин на настан за потпишување на Меморандум за соработка со третата група на 24 нови партнер-општини.
Од УСАИД исто така информираат дека на настанот ќе им се оддаде признание на 15-те партнер општини од првата група за резултатите кои ги постигнаа во унапредување на административните капацитети кои се клучни за функционирање на секоја општина и неопходни за обезбедување на подобри услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.
Свое обраќање на настанот ќе имаат министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер и претставници од партнер-општините.
Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021-2026), кој им помага на единиците на локалните самоуправи во Северна Македонија да ги соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.