Во Кина, во моментов во тек е големо пилот-тестирање на дигиталниот јуан во поголемите градови низ целата земја.

Јапонската Централна Банка (БОJ) во понеделникот објави дека започна експерименти за проучување на можноста за издавање сопствена дигитална валута. Овој потег им се придружува на другите глобални централни банки во истражувањето на опциите во дигиталниот сектор.

Ние веќе имаме т.н. крипто долар, Кинезите подготвуваат план за дигитален јуан да влезе во масовна употреба, а Русија исто така најави тестирање на руската рубља во електронска форма, оваа година. Покрај тоа, Шведска има намера да стане првото општество во светот без каш, со воведување на дигиталната круна.

Според регулаторот, првата фаза од експериментот ќе се изврши до март 2022 година и ќе се фокусира на испитување на техничката изводливост на издавање, дистрибуција и купување дигитална валута на централната банка (CBDC). Потоа ќе се префрли на втората фаза од експериментите, кои ќе ги проучуваат подеталните функции: на пример, дали да се постават ограничувања на количината на CBDC што може да ги има секој субјект.

Планот на Јапонската Централна Банка да започне со експерименти со тоа како да управува со сопствената дигитална валута беше објавен во октомври. Нејзиниот извршен директор, Шиничи Учида, минатиот месец рече дека банката, доколку е потребно, ќе започне пилот програма со вклучување на даватели на услуги за плаќање и крајни корисници.

Објавата на Јапонската Централна Банка доаѓа во време кога глобалните централни банки напредуваат со иницијативи за развој на сопствени дигитални валути. Тие бараат да ги модернизираат финансиските системи и со тоа да ја одбијат „заканата“ што доаѓа од криптовалутите, како и да ги забрзаат домашните и меѓународните плаќања.

Во Кина, во моментов се одвива големо пилот-тестирање на дигиталниот јуан во поголемите градови низ целата земја. Националната централна банка планира да ја подготви суверената дигитална валута навреме за Зимските олимписки игри во 2022 година.