Усогласување, а не зголемување на минималната плата ќе се случи во првиот кваратал на наредната година дециден е Ангел Димитров од Организација на работавачи. Удар врз економијата ќе нема, но и овојпат проблеми ќе се создадат со тоа што на одредени работници во колективите и во државните фирми нема да им се изврши порамнување на платите со минималната. Се поголем број на работници ќе се збијат околу минималецот.

Зголемување на минималната плата во првиот квартал на наредната година за околу 2.000 денари нема да биде нов удар врз стопанството смета и Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Но, тој појаснува дека ова не е зголемување, туку усогласување на минималецот со трошоците за живот и согласно растот на просечната плата, која изнесува над 33.000 денари.

Димитров смета дека со новата методологија  се создава еден друг голем проблем, а тоа е дека голем број од работници се повеќе ќе бидат збиени околу минималецот.

Според Димитров нашата држава има висок процент за минималната плата, за разлика од нас членките во Европската унија, кои имаат донесено и законски решенија минималната плата не смее да биде повисока од 50 % од просечната.