Три злата, шест сребра и две бронзи брои успешниот настап на вработените во Комерцијална банка на годинашните Банкарски спортски игри. Со овие подвизи #КБтим се искачи на одличното второ место во генералниот пласман на игрите во Охрид.

Пехарите и медалите се потврда на силниот тимски дух и на заедничката желба за победа на КБ тимот. Амбициозноста и посветеноста како одлика на вработените во Комерцијална банка секогаш придонесуваат за врвни резултати.
Во конкуренција на 15 финансиски институции, претставниците на Комерцијална банка беа најдобри во одбојка мажи, куглање жени и пикадо жени, а второ место освоија во куглање мажи, пикадо мажи, баскет жени, тенис жени и во шах. За бронза се изборија натпреварувачките во одбојка и во пинг понг.

Се гордееме со #КБтим и посакуваме уште многу подвизи и успеси!