Утре истекува мерката со која ДДВ-то за горивата беше намалено од 18 на 10 отсто. Во истиот период се очекува и нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цените на горивата, која ќе важи во следните седум дена.

Утре истекува мерката со која ДДВ-то за горивата беше намалено од 18 на 10 отсто, а во истиот период се очекува и нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цените на горивата, која ќе важи во следните седум дена.

Мерката Владата ја донесе на 13 септември, а почна да се применува од 15 септември, со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството поради осцилациите на пазарот на нафтени деривати.

Намалувањето на ДДВ-то најмногу се одрази кај дизелот, овозможувајќи цената да биде пониска за околу 2 денари за литар, наместо да се реализира очекуваното поскапување.

Дали мерката ќе продолжи и по истекот на рокот, треба да одлучи Владата.