Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски најави дека утре, на седница на Владата, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена.

Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите и на граѓаните, најави Николовски.

Од денес, пак, кај граѓаните ќе почнат да стигааат милијарда и 920 милиони денари поддршка за плати за месеците февруари и март. Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман на Комсисијата за финансирање и буџет.