Британската влада вели дека Русија стои зад NotPetya, нападот кој ги осакати компјутерските мрежи на мултинационалните компании минатото лето. Москва експресно ги негираше овие обвинениа.

Ние категорично ги одбиваме овие обвинениа, сметаме дека се неосновани и дека се ништо друго туку продолжение на кампањата против русите во Велика Британија, рече претседателскиот портпарол Дмитри Пешков.

Без подетални докази, Британската тајна служба тврди дека Руската армија е одговорна за нападот. Центарот за сајбер безбедност проценува дека специјална единица на Руската армија е скоро сигурно инволвирана во нападот кој се случи во Јуни 2017.

NotPetya нападот ги онеспособи компјутерските мрежи на големите мултинационални компании ширум светот. Компаниите како FedEx, Moeller-Maersk, Merck, Saint Gobain, WPP Group и многу други, беа жртви на вирусот.

Според експертите примарна цел на нападот бил финансискиот сисмем во Украина и владините сектори. Самиот дизајн на вирусот предизвикал тој да се прошири подалеку, зафаќајќи многу други Европски И Руски бизниси.