Претседателот на Венецуела Николас Мадуро побара од водечките производители на нафта во светот , да создатат механизам за пуштање во оптек на крипто-валути.Наскоро се очекува Каракас да почне со пред-продажба на својата нова дигитална валута “Petro” која ќе биде поткрепена со нафта.Целта на овој потег на Мадуро е како што вели да се унапреди монетарниот суверенитет на државата и да се победат разните финансиски блокади кон неговата земја.

Пуштањето во оптек на новата валута е предвидено за 20 Февруари која ке биде поделена во сто милиони единици.Критичарите велат дека Petro претставува де факто издавање на владини обврзници и ке биде подложно на санкции од САД како и сите други средства на Венецуела.