Власта немаше пари за петтиот пакет мерки, чекаа да се издаде еврообврзница

2021-05-14 08:34

Буџетот беше празен, владата немаше пари за да се реализираат мерките од петтиот пакет за помош на граѓаните и стопанството. Владата чекаше да се издаде еврообврзница за да се изгласа законот и да се пуштат парите до граѓаните, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за Клик плус на ТВ21.

Николоски појасни дека владата го донесе петтиот пакет мерки на 17-ти февруари,  а по два дена истиот се најде во Собрание, но како што вели беше ставен на дневен ред дури на 24 март или месец дена покасно,  а потоа заради празниот буџет се уште се одолговлекуваше се додека државата не се позајми пари, а во меѓувреме се обидуваа да креираат слика дека е виновна опозицијата.

– Џафери јасно направи проблем имајќи превид дека знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ не се слага со точките на таа фамозна 32-та седница која што ја ставаше на дневен ред. Зошто ова го направи? За тоа што има една работа која што во јавноста некако не се спои со влечењето на овој петти пакет на мерки, а тоа е издавњето на еврообврзницата. Имено, буџетот беше празен и немаше пари да се реализираат овие мерки. И власта чекаше да се издаде оваа еврообврзница, да ја купат оние кои што се заинтересирани, да влезат парите во Буџетот за да може мерките да се исплатат“, потенцира Николоски.

Николоски посочи дека економијата во Македонија станува се позагрижувачка. Граѓаните немаат доволно пари за основните потреби. Економијата крахира поради неспособноста на власта која не носи добри и квалитетни политики за подобар живот на граѓаните.