Деловните банки во земјата повеќе не прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна и шведскa крунa, информираат од Македонската банкарска асоцијација.

Како причина се наведуваат прекинатите врски за размена на ефективните парични средства во овие две валути од страна на деловните банките во Норвешка и Шведска. Тоа, пак, се должи на зголемената претпазливост која произлегува од нивната регулатива за спречување перење пари, за што има официјални известувања од централните банки на овие две земји.

Сепак, оваа одлука нема никакво влијание врз безготовинскиот промет. Клиентите и понатаму на девизниот пазар можат да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни. Начинот е ист, посочуваат од МБА, како оној што од неодамна се одвива при тргувањето со данските круни.