И покрај тоа што реалната состојба на терен покажува нешто сосема друго, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.91 %, а Охрид е високо на листата градови со слободни работни места.

Најмногу ги има во Скопје – 2.828, по што следува Тетово со 492 отворени позиции, Куманово 301, Охрид 269, Штип 218, Битола 165, Прилеп 157, Велес 111, Виница 94, Кавадарци 87, Кочани 81, Македонски Брод 79, Струмица 75, Гевгелија 50, Свети Николе 20, Струга 19, Гостивар 16, Кичево 11, Неготино 9, Валандово и Ресен по 6, Крушево 3, Радовиш 2, а Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Дебар и Делчево засега се само со по едно слободно место. Во Демир Хисар и Берово нема слободни работни места.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.70 % има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.45 %. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.20 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.93 %. Најголем број на слободни работни места, односно 2.568, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Според етничката структура, најмногу од невработените се Македонци – 45.489. Од нив, жени се 22.905. Без работа се и 40.578 Албанци, 7.174 Турци, 10.950 Роми, 570 Срби, 129 Власи, 332 Бошњаци, а под графата други се забележани 2.366 лица.

извор: ОхридПрес/ДЗС фото: ОхридПрес