Во ноември беше соборен рекорд во Шведска кога станува збор за продажба на електрични автомобили. Имено, во секторот на патнички возила, пазарниот удел на електрични автомобили достигна 38,7 проценти, што е значително поголемо во споредба со 14 проценти во ноември 2019 година. Од друга страна, продажбата на традиционални (бензински и дизел) модели падна на 37,1 проценти, што значи дека моделите со електричен приклучок за првпат ги надминаа „класиците“ според продажбата. Патем, вкупниот пазар на автомобили во оваа скандинавска земја падна за 12,9 проценти.

Само пред два месеци, кога продажбата на конвенционални (нехибридни) автомобили за прв пат падна под 50 проценти од вкупната продажба, пазарот на електрични возила дополнително се забрза, надминувајќи ги бензините и дизелот, пишува порталот „Врелегуме“.

Најпродаван модел во ноември беше Volkswagen ID.3.

Здружението на индустријата, БИЛ Шведска, предупредува дека идните промени во даночната политика може да го забават растот на електричните автомобили во 2021 година, иако се предвидува да се одржи учество од околу 30 проценти.

 

Забрането превземање на содржианта без претходно одобрение до редакцијата на БанкоМетар.мк