Во Тајланд започна со работа најголемата пловечка соларна фарма во светот. Фармата е изградена на браната Сириндхорн, која се наоѓа на тајландската река Лам Дом Нои.
Браната има капацитет да генерира 45 MW енергија благодарение на нејзините соларни панели, а оваа информација доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за јаглеродна неутралност.

Тајланд произведува 114.000 GW енергија користејќи природен гас, додека обновливите извори на енергија како што се сончевата енергија, ветерот и водата обезбедуваат помалку од 10 проценти од потребите на населението. Остатокот е добиен со употреба на јаглен.

Како прв чекор за промена на ситуацијата, беше отворена најголемата пловечка соларна фарма во светот.

Фармата има седум големи панели од фотоволтаични ќелии кои се поставени под агол на платформата. Ова овозможува сончевата светлина да помине во водата без да влијае на подводната средина.

Големината на фармата одговара на големината на 70 фудбалски игралишта со 145.000 панели направени од еколошки материјали за да не се наруши околината на акумулацијата. Површината на водата ќе помогне да не се прегреат панелите и ќе ги направи до 15 проценти поефикасни од оние што се инсталирани на копно.
Изградбата на соларната фарма чинеше 34 милиони евра, а нејзината излезна моќност е 45 MW. Дизајнерите вклучиле и три турбини кои можат да се втурнат во вода и да генерираат енергија кога нема сончева светлина или кога побарувачката за енергија е голема.

Системот за управување со енергија (ЕМС) се користи врз основа на податоците од системот за временска прогноза за да се обезбеди стабилност на производството на енергија.

Во моментов се планирани 15 слични проекти со кои капацитетот за собирање енергија ќе се зголеми за 2.725 MW.