Благодарејќи на силниот тимски и спортски дух успешните резултати на Синдикалната организација на Комерцијална банка беа неминовни и на Меѓународните банкарски игри во организација на БОФОС (Синдикатот на финансиски и осигурителни друштва на Србија), кои годинава се одржаа во Охрид.

Тимот на Комерцијална банка, кој броеше 16 членови, ги освои златните трофеи во три екипни дисциплини – куглање – жени, одбојка – мажи и пикадо -мажи. Второ место освои КБ тимот во куглање – мажи и во трка со педалинки – мешан тим, а трето во влечење јаже – мажи.

Со медали во поединечна конкуренција се закитија и нашите колеги Милена Петрески (прво место во куглање), Славко Стефанов (второ место во куглање), Соња Филиповска (второ место во куглање) и Звонко Волчевски (трето место во пикадо).

Комерцијална банка се гордее со секој успех на своите вработени затоа што тој е резултат и доказ на нивната силна посветеност и професионалност, вредности што се секојдневие и во нивното професионално работење.