Криптовалутите повторно паѓаат во услови на продолжено “мечкино” расположение на пазарот.

Биткоинот падна под 8.000 долари, а остатокот од пазарот го следи неговото водство. Еве ја табелата:

-Биткоин е намален за 3,6% во однос на доларот до 7,906.21 долари
-Етереум е 3,5% до 590,42 долари
-Рипл е намален за 5,8% до 0,64 долари
-Биткоин кеш е намален за 5,5% на 892,73 долари
-Лајткоин е намален за 3,1% до 155,72 долари

Падот се должи на поголемата распродажба на пазарот на криптовалутите кој започна на почетокот на месецот. Довербата на инвеститорите минатата недела беше растресена поради стравувањата од регулацијата на криптопазарот, како и гласините за хакерските напади.

Најновиот удар е одлуката на Google во средата, со која го забранува рекламирањето на криптовалутите на своите платформи.

Комбинацијата на сите негативни фактори ја намали пазарната вредност на крипто пазарот за повеќе од 130 милијарди долари од почетокот на март, според податоците на CoinMarketCap.com.