Објаснувањето на раководството е „длабока трансформација на секторот“

Втора банка во Шпанија отпушта илјадници вработени. BBVA станува втората шпанска банка која се подготвува за големо преструктуирање, кое предвидува и кратења од големи размери.

Тие планираат да отпуштат 3.800 вработени и да затворат 530 експозитури низ целата земја. Со 23.300 вработени, колективните отпуштања влијаат на 16% од работната сила на банката. Сепак, според синдикатите, повеќе од 21% од луѓето кои работат во експозитурите и 5% од вработените во централата ќе бидат отпуштени.

Објаснувањето на раководството е „длабоката трансформација на секторот“, наметната поради притисокот на конкуренцијата, ниските каматни стапки со кои работи Европската централна банка и дигитализацијата. Повеќето филијали на банки ќе бидат затворени во Каталонија, по што следуваат Мадрид и Кастилја Ла Манча.

Вкупно 21% од постојните експозитури ќе бидат затворени. Синдикатите го обвинуваат раководството на банката за одржување високи милионерски плати на менаџментот и голема разлика со ниско платените позиции.

Одлуката на управата на BBVA доаѓа три дена откако CaixaBank објави дека ќе отпушти скоро 8.300 вработени и ќе затвори повеќе од 1.500 филијали.