Со денови се зборуваше за рекордните вредности постигнати со биткоинот, но малкумина знаат дека втората најсилна крипто валута во светот, Etherium, сега вреди 350 проценти повеќе отколку на почетокот на оваа година.

Минатата недела, за кратко го надмина психолошкиот праг од 600 американски долари за дигиталната паричка, што се случи за прв пат од јуни 2018 година.

Се претпоставува дека причината за ова е долго најавуваното воведување на нејзината мрежа Ethereum 2.0, што треба да овозможи побрзо и побезбедно работење на овој систем. Претходно се случуваше да биде пренатрупан, односно дека поради густината на сообраќајот, брзината на трансакциите со оваа валута беа значително забавени.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк