Српските компании вработиле 3.300 луѓе преку отворениот пазарот на труд „Отворeн Балкан“, но тоа не е доволно и затоа Србија планира увоз на работници и од други земји.

Ова го соопшти српскиот претседател Алексaндар Вучиќ на Самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Црна Гора.

– Договорот за формирање заеднички пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан има добар ефект врз Србија, бидејќи досега 3.300 луѓе ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија – рече Вучиќ.

Тој изјави дека Србија има недостиг од работна сила, иако формално сè уште има стапка на невработеност од 8,9 или 9%.

– Ќе мораме во наредниот период максимално да увезуваме работна сила од сите делови на светот, доколку сакаме да ја зачуваме нашата економска перспектива со стапка на раст и побрз напредок – рече Вучиќ.