Српскиот претседател Александар Вучиќ во синоќешното обраќање, изјави дека Србија на барање на Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

Тие од нас побараа да им испорачаме и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БИХ, изјави Вучиќ. Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт.