Регулаторната комисија за енергетика, одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48%.

Според одлуката, малопродажната цена на бензинот „еуросупер -95“ се зголемува за 2,00 ден/лит, додека цените на останатите горива не се менуваат. Така од полноќ  бензинот „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 85,00 денари/литар, „еуросуперот-98“ ќе има цена од 85,50 денари/литар,додека дизелот ќе се продава по цена од 76,00 денари/лита. Цената на „екстра лесно гориво ќе биде 75 денари/литар, а мазутот ќе се продава по цена од 43,797 денари/килограм.