Брзата храна станува се поскапа и некои потрошувачи сега ги менуваат своите навики поради тоа. Од 2019 до 2023 година цените во синџирите за брза храна во САД се зголемени за дури 28 отсто, а во „вистинските“ ресторани за 24 отсто. Во истиот период, индексот на потрошувачки цени е зголемен за 19 отсто. Од друга страна, на ниво на една деценија, цените во рестораните за брза храна се повисоки за дури 46 отсто, објави тпортал.хр.

„Прво имаше пораст на цените на стоките, но полека почна да се стабилизира. Но, она што сè уште е над историскиот просек е растот на трошоците за работна сила во рестораните“, изјави аналитичарот Џим Салер за ЦНБЦ. Синџирите за брза храна како Вингстоп и Чипотле ги пренесуваат тие трошоци на клиентите, особено во држави како Калифорнија, каде минималната плата се искачи на 20 долари на час. За овие два синџири за брза храна, трошоците за храна, пијалоци и пакување се зголемија за само една година (од 2022 до 2023 година) за 11 отсто.

Според Дејвид Хенкес од консултантската фирма Техномикс, трошоците за работна сила сочинуваат една третина од цената на производот на менито. Пандемијата го направи својот данок, а во 2022 година во САД, бројот на вработени во категоријата ресторани за брза храна беше сè уште помал од 2019 година. Во истиот период, бројот на такви ресторани порасна за четири проценти.

Од декември 2023 година до февруари 2024 година, просечната сметка за ресторани за брза храна во САД беше околу 18 долари, што е за 4,5 отсто повеќе од истиот период претходната година. А во рестораните со целосна услуга, просечната сметка беше „само“ за 2,7 до три проценти поскапа, што сега се обидуваат да го искористат.

Сепак, и покрај тоа што цените на храната се повисоки, МекДоналд’с, Венди’с и Јам Брандс, кои ги поседуваат KФС, Taко Бел и Пица Хат, имале дваесет проценти подобри приходи во 2023 година во споредба со 2019 година.