Според статистичките податоци од Управата за јавни приходи, за месец јуни, мерката за финансиска поддршка при исплата на плати на вработените е искористена од страна на 15.326 работодавачи со кои се опфатени 73.381 вработени, во износ од 1.019.290.267 денари, пренесува Независен.

За претходниот месец, односно за месец мај мерката е искористена од страна на 19.956 работодавачи и беа опфатени 118.069 вработени, во износ од 1.646.458.185 денари, а за месец април, односно првиот месец за кој беше исплатена помошта, мерката е искористена од страна на 19.743 работодавачи и беаа опфатени 128.409 вработени, во износ од 1.792.970.895 денари, соопшти УЈП.

Од УЈП велат дека ова беше обвоможено и благодарејќи на брзото, лесно и едноставно аплицирање за користење на мерките, односно за финасиска поддршка за работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од корона вирусот заради исплата на платите на работниците за месеците април, мај и јуни 2020 година.

Истовемено, од УЈП даваат преглед и за другите исплати што се вршеле во изминатите месеци, а кои биле дел од владините мерки за надминување на последиците од корона кризата.

Така, финансиска поддршка добија и физички лица кои вршат самостојна дејност. За април мерката е искористена од страна 5.792 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 83.984.000 денари, за мај мерката е искористена од 5.985 физички лица кои вршат самостојна дејност во износ од 86.782.500 денари и за јуни – 5.838 физички лица во износ од 84.651.000 денари.

Со мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вондредна состојба одобрени се: за април 2.531, за мај 2.463 и за јуни 2.101 барања.

За мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID-19 за време на траење на вонредната состојба за месец, јуни, јули и август 2020 година досега поднесени 68 барања.

За мерката – ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени 973 барања, а за ослободувањето од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за време на траење на вонредна состојба т.е за месеците март, април, мај, јуни и јули се одобрени се 707 барања.

Управата за јавни приходи исто така учествуваше и во спроведување на мерката за издавање домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги како финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од COVID-19, и мерката – издавање и користење на ваучери за поттикнување на домашниот туризам во услови на намалена економска активност заради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, се вели вво соопштението од УЈП.