За најголем број од потрошувачите, цената на струјата од први јануари ќе биде речиси идентична. Ова е затоа што цената на струјата за оние што плаќаат најмалку или припаѓаат во таканаречениот прв блок се намалува за 5,16 отсто, за вториот блок и за евтината тарифа цената останува иста, за трет блок поскапува за 2,88 проценти а за четвртиот блок или тие што се најголеми потрошувачи цената поскапува за 1, 86 отсто.

Првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски вели дека тоа што го вовеле надоместокот за пристап до мрежа во висина од 200 денари, предусловил  покачувањето на цената на струјата да е минимално.