Согласно Законот, во март или за три месеци отсега, ќе следува ново сериозно покачување на минималната плата.

Минималната плата што сега изнесува 20.175 денари, од март оваа година нема да биде пониска од 22.500 денари и ќе се доближи до износот од 23.000 денари.

Ова денеска на брифинг со новинарите го потврди и министерката за труд и социјална полиитка, Јованка Тренчевска.

Во 2016 година минималната плата во државата изнесувала 10.080 денари, што значи дека со последното покачување најавено за март оваа година, за осум години минималната плата ќе порасне за над 110 проценти.