Јапонската централна банка за извршен директор првпат во 138 години назначи жена.

Токико Шимицу, 55-годишна банкарка, стана првата жена во долгата историја на банката која зазема една од шесте позиции на извршен директор.

Таа е назначена на позицијата извршен директор како дел од големата реорганизација во централната банка, со што стана дел од тимот од шестмина раководители одговорни за управувањето со секојдневното работење на централната банка.

Шимицу работи во Банката на Јапонија од 1987 година.

Банката е основана во октомври 1882 година.