Со веќе усвоениот ребаланс на Буџетот за 2020 година, обезбедуваме 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет економски мерки , за поддршка на граѓаните и економијата, за справување со последиците од пандемијата со КОВИД-19, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Дополнително, обезбедувме средства за 19 капитални, локални проекти, важни за граѓаните ширум земјава:
Скопје – Реконструкција на Универзална сала
Куманово – Реконструкција на спортска сала Соколaна
Пробиштип – Проект за техничка вода за индустриска зона
Крива Паланка – Канализација Бурови бавчи и Бојанов дол
Кочани – Кружни текови на улица Теодосија Пенов
Охрид – Имплементација на препораките на УНЕСКО
Маврово Ростуше – Еколошко решение за управување со отпад
Центар Жупа – Реконструкција на улица Илиска Краста
Штип – Конзоли за пешаци
Валандово – Изградба на пат Чалакин-Татарни
Прилеп – Улица Кеј Први Мај
Дојран – Дел од канализациона мрежа с. Фурка
Демир Капија – Изградба на канализација
Чаир – Систем за водоснабдување
Тетово – Цевки за систем за водоснабдување
Сарај – Канализациона мрежа
Кичево – Изградба на ОУ с. Црвица
Скопје – Почеток на изградба на клучка кај Момин Поток
Скопје – Почеток на изградба на мост во Карпош 4 кон улица Скупи.
И во време на светска економска криза, државата има пари, има капацитети да застане зад сериозни капитални инвестиции на локално ниво. Грижата за граѓаните на централно и локално ниво продолжува“, напиша Заев.