Чарли Мангер, заменикот на милијардерот Ворен Бафет во мултинационалната компанија „Беркшир Хатвеј“, во саботата остро го критикуваше биткоинот, нарекувајќи ја криптовалутата одвратна и спротивна на интересите на цивилизацијата.

Мангер го стори тоа на годишниот состанок на „Беркшир“, за време на делот за прашања и одговори.

Бафет го обегна прашањето за криптовалутата, шегувајќи се дека дека ќе ги налути сопствениците на биткоинот, доколку го критикува.

Меѓутоа, Мангер не бил толку дипломатски расположен. Тој рекол дека ги мрази неодамнешните добивки на биткоинот, тврдејќи дека валутата е „создадена од воздух“ и дека тоа е начин за плаќање за криминалците.

„Не ја поздравувам валутата која е толку корисна за киднаперите и изнудувачите“, рекол Мангер. „Мислам дека целиот проклет развој на таа валута е одвратен и во спротивност со цивилизациските интереси“, рекол Мангер, а пренесува Форбс.

Тој и неговиот шеф и партнер Бафет инаку со години жестоко го критикуваат биткоинот.