Занаетчиската комора во земјата бара од власта – доколку се зголеми минималната плата, таа да биде субвенционирана од државата.

Од комората реагираа преку писмен допис во медиумите, во кој истакнаа дека испратиле вакво барање до Владата и до Министерството за економија.

„Занаетчиска комора на Република Македонија која ги застапува микро, малите и самостојните вршители на дејност односно занаетчиите, уште еднаш Ве информира дека реагиравме до Владата на РСМ и до Министерството за економија каде што дадовме наше образложение и потенциравме дека во моментот на оваа криза која е предизвикана од Ковид – 19 и во тешка економска состојба во која се наоѓа нашата земја, баравме доколку се покачи минималнта плата, таа да биде субвенционирана од државата се додека се тргнат рестрикциите за работа, односно субвенциите да бидат 3.000 денари (разликата од 15.000 до 18.000 денари)“, се вели во дописот испратен до медиумите.