Словенечката агенција за цивилно воздухопловство потврди дека два авиони на „Адриа ервејс“ биле запленети од доверителите заради нивните долгови.

Словенечкиот регулаторен орган наведува дека два авиони „Бомбардиер ЦРЈ900“ се избришани од националниот регистар.

„Адриа ервејс“ во својата флота има 12 авиони „Бомбардиер“, од кои половината се изнајмени преку скапи закупнини преку договори со други превозници.

Словенечката компанија не поседува сопствени авиони.

Имено, во возниот парк на авионите ЦРЈ900, четири се под договор до 2022 година, уште два до 2026 и 2027 година, додека едниот е изнајмен под договор за плаќање на час, каде Адрија го плаќа сопственикот врз основа на употреба на авионите. Останатите два беа изнајмени на долгорочна основа, пренесува Б92.

Адрија има проблеми со одложувања и откажувања, додека бара стратешки партнер за да обезбеди потребен капитал.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк