Започна откупот на тутунот од годинашната реколта, кој ќе се презема на 173 откупни пункта во државата. Денеска беа отворени 20 пункта од Прилепскиот тутунски комбинат, „Сокотаб” од Битола и „Алијанса” од Кавадарци.

Тутунарите очекуваат повисока цена оти велат дека квалитетот година е добар. Годинава се склучени договори за околу 22.200 тони тутун.

Откупот официјално ќе трае до 31 март наредната година.