Владата предоводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа кон граѓаните и реализација на мерките што обезбедуваат повеќе пари во економијата и кај граѓаните. Според официјалните информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто, соопшти СДСМ.

„Во апсолутни бројки тоа е за 30 милиони евра повеќе назад во стопанството. Повратот на ДДВ е неселективен и редовен, а во првите седум месеци претпријатијата добија над 14,5 милијарди денари по основ на ДДВ. Реализирана е добра наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на минатата година. Истовремено, непречено тече и мерката за поврат на дел од платеното ДДВ кај граѓаните која дава одлични резултати. Досега, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а кај граѓаните се вратени над 80 милиони денари.

Овие податоци не се само обични бројки, туку се показатели за реално придвижување на економијата и обезбедување повеќе пари кај граѓаните и фирмите.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализацијата на мерките што обезбедуваат економски раст, конкурентна економија и повеќе пари назад кај граѓаните“, соопшти СДСМ.