Водејќи грижа за квалитетот на услуги кои го добиваат клинетите, Охридска банка АД Скопје на 03.04.2018 година публикуваше нова верзија на апликацијата за електронско банкарство – ОБСГ нет.

 

 

Новата верзија за Електронско банкарство ја зголемува безбедноста на самата апликација, преку интегрирање на бесплатната алатката ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) која врши проверка на можни малициозни софтверски апликации инсталирани без ваше знаење на вашите електронски уреди.

Софтверските слабости во компјутерските оперативни системи создаваат можност криминални софтверски апликации (компјутерски вируси) да ги преземат уредите и да управуваат со банкарските трансакции.

 

 

Со цел да ги заштитат своите  клиентите од овие малициозни апликации, ИБМ Трастиер (IBM Trusteer) го скенира уредот секогаш кога ќе се активира електронското банкарство ОБСГНет и алармира за потенцијални ризици.

 

Почнувајќи од 03.04.2018 година,  сите корисници на електронско банкарство  на Охридска банка Сосиете Женерал, ќе можат на едноставен начин да аплицираат за Моја банка мобилното банкарство без да имаат потреба од посета на експозитурите на Банката.

 

Аплицирањето за Моја банка се врши преку ОБСГнет електронското банкарство во делот Мој профил, со избор на полето Моја банка мобилна апликација. По отворањето и прифаќањето на  документот Општи правила и услови, ќе добиете два различни кода кои ќе треба да ги внесете во апликацијата Моја банка во делот за регистрација. Апликацијата Моја банка може да ја превземете и инсталирате од “Playstore“ или “App. Store” во зависност од типот на мобилниот телефон на кој ќе ја користите мобилната апликација