Владата и претставници на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансика помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршување на средбата премиерот Димитар Ковачевски. Историско најголемо зголемување на пензиите и помош од 1000 денари за секој пензионер. Промена на методологија, по швајцарски систем, 50% со трошоци за живот и 50% со раст на плати е дел од дговорот меѓу Владата и пензионерите. Тоа значи во просек по 900 денари зголемување на просечна пензија, со усогласувањето во септември, и плус по 1.000 денари за секој пензионер 3 месеци дознава Centar.mk