Желбата за социјално одобрение може да ги поттикне лидерите да донесуваат лоши одлуки, вели една студија на списанието “Journal of Personality in Social Psychology”. Шефовите ориентирани кон престиж, кои донесуваат одлуки околу параметрите на нивниот тим, честопати прават избор што го попречува успехот на групата. Студијата, исто така, заклучува дека потранспарентната канцелариска култура може да ја влоши оваа тенденција за лошо донесување одлуки меѓу лидерите кои се склони да паничат и избрзуваат во одлучувањето и во желбата да бидат одобрени од околината и на еден начин да и се допаднат на истата, носат лоши одлуки за бизнисот.