Додека властите се фалат со инвестиции во железницата, возовите во земјава се се поретки, а патници има се помалку. Граѓаните се жалат на неточноста на возовите, која не се мери минути и часови, туку со денови.

Во ваква состојба, Македонски железници ја одбележаа 151 годишнина од постоењето на една од најстарите железници на Балканот.

И додека граѓаните ја одбегнуваат железницата како превоз, на свеченоста по повод јубилејот, славеничка атмосфера и ветувања за инвестиции.

Долги години македонските железници се во тешка состојба. Пругите се распаѓаат, мостовите попуштаат, а возовите, иако релативно нови, зјаат поразни. Двете железнички претпријатија се едни од најголемите загубари во земјава. Вработените често платата ја земаат после штрајк. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи им вети подобри денови.

Пред 151 година, на 9 април првиот воз пристигнал на железничката станица во Велес. Тој ден се смета за почеток на железничкиот сообраќај во земјава. И додека Европа во целост се потпира на овој тип сообраќај, земјава губи и пари и инвестиции поради лошиот железничлки транспорт.