Златото падна за 9 % од почетокот на годината и за 17 % од својата врвна вредност во август. Златото и среброто остануваат под силен притисок, а меѓу причините за ова е зголемувањето на каматните стапки на државните обврзници, поради очекувањето дека со заздравување на економскиот раст, Федералните резерви ќе бидат принудени да ја засилат монетарната политика.

Според финансиските аналитичари бројот на луѓе кои навистина заработуваат пари ќе се намалува, а луѓето кои добиваат чекови од владата растат. Кога печатиме пари и само ги испраќаме на луѓе кои не работат, немаме силна економија.

Аналитичарите очекуваатдека инфлацијата ќе достигне 2 отсто за три години, а неодамнешното истражување на потрошувачите спроведено од Универзитетот во Мичиген покажа дека тие очекуваат оваа година да достигне 3,3 %.