ВМРО-ДПМНЕ одлучило да го предложи поранешниот вицепремиер за еконосмки прашања Зоран Ставрески за следен гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори.

Аргументите да се поддржи кумот на поранешниот премиер Никола Груевски биле работно искуство што го имал во Светска банка и раководењето со Министерството за финансии.

Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ.

Од јули 2009 година, по разрешувањето на дотогашниот министер за финансии Трајко Славески, бил избран за министер за финансии.

Овој економист со магистерски труд „Избор на оптимална монетарна стратегија и инструменти – случајот на Република Македонија“, е еден од ретките кој влезе во Владата без книшка на ВМРО-ДПМНЕ.